Парадент

Парадент е сложен биокомплекс на растителни антисептични, антимикробни и противвоспалителни материи. Антисептичниот ефект е резултат на активноста на етеричните масла – посебно на жалфијата. Антимикробното дејство е насочено врз 74 бактерии, вклучувајЌи ги и соевите резистентни на метицилин.

1Опис

ДЕЈСТВО:

Парадент е сложен биокомплекс на растителни антисептични, антимикробни и противвоспалителни материи. Антисептичниот ефект е резултат на активноста на етеричните масла – посебно на жалфијата. Антимикробното дејство е насочено врз 74 бактерии, вклучувајЌи ги и соевите резистентни на метицилин. Антивирусното дејство е насочено кон Herpes Simplex и Herpes zoster вирусите како и врз повеќе патогени соеви на квасницата Candida. Противоспалителниот ефект на Парадент се должи на дејството на жалфијата и флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот, кои заедно со витаминот Ц го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект. Парадент делува антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза. Парадент активно учествува во имунолошкиот одговор на организмот го активира комплементот и ја зголемува фагоцитната активност на серумот. Зголемувајќи ја вредноста на пропердинот врши активирање на алтернативниот пат на комплементот, во исто време ги покачува вредностите на аглутинините во крвта.

ПРИДОБИВКИ:

  • има пријатен мирис и вкус, брзо го отстранува непријатниот мирис од устата.
  • не ја нарушува нормалната флора во усната празнина и не предизвикува резистетност на бактериите.

ИНДИКАЦИИ:

Парадентопатии, гингивит и стоматит, кандидијазис, херпес симплекс инфекции, трауматски улкуси.

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Парадент не треба да го употребуваат лица преосетливи на состојките на препаратот. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на лекувањето.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

По претходно исчистен забен камен, 3-4 пати се напрскува лигавицата.
Постапката се повторува 3 пати на ден, во текот на 3-6 месеци.
По напрскувањето, храна и течности не се внесуваат 15 мин.

НАПОМЕНА:

Препаратот е додаток на исхрана. Не се препорачува на лица осетливи на некоја од состојките. Додатоците во исхрана не се користат како замена за разновидна исхрана. На ткаенини остава трагови кои тешко се отстрануваат. Не содржи вештачки бои и конзерванси. Да не се надминуваат препорачаните дози.

2Состав
  • 30,0gr Прополис екстракт (Propolis extract);
  • 0.6gr Жалфија (Salviae off.);
  • 0.6gr Нане (Menthae Piperitae);
  • 0.15gr Сладок Анасон (Foeniculum Vulgare);
  • 0.2gr Анис (Pimpinella Anisum);
  • 0.5gr Витамин Ц (Acidum Ascorbicum);
  • Разреден алкохол (Aethanolum Dilutum).
3Чување
На суво и ладно место до 25°С, заштитено од дневна светлина. Да се чува надвор од дофат на деца!
4Рок на употреба
  • 5 години
  • втиснат на надворешната амбалажа
  • последна ревизија на упатството 04/2015
5Пакување
20ml спреј во стаклено шишенце / картонска кутија.