Во нашата широка палета на производи има избор за сите возрасти, а совршена е за сите оние кои го следат глобалниот тренд на користење природни препарати.
APIMELL DR.BACHEFF е македонска фармацевтска компанија специјализирана за производство на природни препарати со прополис и етерични масла. Нашиот асортиман создаван во текот на 25 годишното постоење, вклучува:
- Гранични производи
- Додатоци во исхрана
- Козметички препарати
Силно верувајќи во чудесната моќ на прополисот и пчелните производи, се специјализиравме единствено во таа насока, сигурни дека довербата на нашите потрошувачи никогаш нема да биде изневерена. Својата цврста позиција на пазарот ја обезбедивме благодарение на тоа што при нашето производство постојано се водиме според приципот „Врвен квалитет и ништо помалку“.
Преку организирање едукативни обуки на пчеларите и пчеларските здруженија од кои ја откупуваме нашата есенцијална
суровина, суровиот прополис, се обидуваме да го подигнеме нивото на квалитет и квантитет во сите нивоа на производство.
Тоа е причината и поради која постојано истражуваме и вршиме мониторинг на иновациите во пчеларењето.
Во текот на сите овие години на развој и напредок, ги користиме несебичните услуги на бројни еминентни стручни лица од медицински, фармацевтски, ветеринарен и технолошки профил на кои сме им неизмерно благодарни.
Најголема потврда за нашиот труд и посветеност се позитивните коментари од нашите ценети потрошувачи, кои се иницијална каписла за насоката на развојните политики во иднина.
Започнавме со развој во пчеларството и ја ревитализиравме сопствена пчеларска фарма со што го зголемивме асортиманот со неколку нови производи, пред се медот, чија гаранција за квалитет ќе претставува брендот и логото APIMELL Dr.Bacheff.
Отворени сме за прашања и сугестии.