Асквам мажи
Со отстранување на најповршниот дел на кожата го ослободува пилосебацеалниот канал на лојните жлезди, го смирува воспалението, спречува населување на бактерии и габи. Ги отстранува масните лушпи и вишокот на маснотии од кожата, во исто време ја прави кожата нежна и влажна. Го отстранува првутот од поглавината.
ДЕЈСТВО:
ИНДИКАЦИИ:
Себореа, акне, фоликулитис, првут, лесни форми на псоријаза на поглавината.
КОНТРАИНДИКАЦИИ:
Препаратот не треба да го употребуваат лица пречувствителни на некоја од состојките.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Себореа на лице и на други делови на телото: нанесете еднаш до два пати на ден. Мажите со себореа, акне или фоликулитис на лице го употребуваат како лосион после бричење.
Акне: како самостојна терапија еднаш до два пати на ден; во комбинација со крема Проакне: навечер, на сите промени се нанесува кремата. Утредента кремата се отстранува со лосион АСКВАМ, лицето се мие со топла вода, се суши и повторно се нанесува од кремата Проакне. Постапката се повторува сè до постигнување на задоволителен резултат.Себореа и псоријаза на поглавината: Лосион АСКВАМ се нанесува на сува коса два пати на ден во тек на два дена. Се нанесува доволна количина од лосионот за поглавината да е добро натопена. По два дена, косата се мие со шампон. Постапката може да се повторува се до постигнување на саканиот резултат.При козметички третмани, лосионот АСКВАМ се употребува пред и по мануелна експресија на акне, пред и по депилација.
НАПОМЕНА:
Несакани дејства: Акутен контактен дерматитис и акутен алергичен дерматитис. Доколку на местата каде е нанесен препаратот се јави силен јадеж, пропратен со појава на ситни меурчиња, истиот треба да се отстрани со миење со топла вода и сапун; ако состојбата не се смирува, обратете се кај вашиот дерматолог. Внимавајте препаратот да не дојде во контакт со очите.
- Не содржи вештачки бои и конзерванси.
- Препаратот е атестиран и одобрен во ИЈЗ Скопје под бр. 2345/04
- Alcohol,
- Aqua,
- Urea,
- Propolis,
- Calendula Officinalis Oil,
- Propylene glycol,
- Chamomilla Recutita Extract,
- Menthol,
- Pimpinella Anisum Extract,
- Juniperus Communis Fruit Oil/ Cananga Odorata Flower Extract (ylang-ylang oil).
- Прополис екстракт (Propolis extract);