Проакне лосион

ПРОАКНЕ ЛОСИОН се користи како тоник за чистење на кожата пред употреба на Проакне Крем. Го отстранува најповршниот дел од кожата, го ослободува пилосебацелниот канал на лојните жлезди, ги отстранува масните лушпи и вишокот на маснотии од кожата, а во исто време ја прави кожата нежна и влажна.

1Опис

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Препаратот не смеат да го употребуваат лица со преосетливост кон некоја од состојките. Во случај на преосетливот кон препаратот или некоја негова состојка, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Со памучно перниче исчистете ја посакуваната површина на кожата, оставете да се исуши и нанесете Проакне Крем. Се употребува пред и после депилација или бричење два пати на ден, а според потребата и почесто.

НАПОМЕНА:

На ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат.

2Состав
Alcohol, Aqua, Urea, Propolis, Calendula Officinalis, Propylene glycol, Menthol, Pimpinella Anisum Extract, Juniperus Communis.
3Чување
Препаратот се чува на собна температура. Држете го препаратот надвор од дофат на деца.
4Рок на употреба
Рокот на употреба е втиснат на надворешната амбалажа.
5Пакување
Картонска кутија, стаклено шише 50ml.
6Приказ на случаи