Проакне лосион
ПРОАКНЕ ЛОСИОН се користи како тоник за чистење на кожата пред употреба на Проакне Крем. Го отстранува најповршниот дел од кожата, го ослободува пилосебацелниот канал на лојните жлезди, ги отстранува масните лушпи и вишокот на маснотии од кожата, а во исто време ја прави кожата нежна и влажна.
КОНТРАИНДИКАЦИИ:
Препаратот не смеат да го употребуваат лица со преосетливост кон некоја од состојките. Во случај на преосетливот кон препаратот или некоја негова состојка, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог.
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:
Со памучно перниче исчистете ја посакуваната површина на кожата, оставете да се исуши и нанесете Проакне Крем. Се употребува пред и после депилација или бричење два пати на ден, а според потребата и почесто.
НАПОМЕНА:
На ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат.