Пробронхи

ПРОБРОНХИ е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др.) Носители на фармакодинамското дејство на пробронхи се прополисот и жалфијата.

1Опис

ДЕЈСТВО:

ПРОБРОНХИ е сложен биокомплекс на растителни антимикробни и противвоспалителни материи (флавоноиди, терпени, ароматични киселини, естри и др.) Носители на фармакодинамското дејство на пробронхи се прополисот и жалфијата. Антибактериското дејство е насочено врз 74 бактериски соеви од 19 видови на патогени и непатогени бактерии (20 соеви на staphylococcus вклучувајЌи ги и резистентните соеви кон meticilin, ampicillin gentamicin, lincomicin, cloxacilin),10 соеви на Streptococcus, Enterococcus, Proteus, Myc. tuberculosis,brucellosis ПРОБРОНХИ двојно е поефикасен при Гр+ бактерии. Противоспалителниот ефект на Пробронхи се должи на дејството на жалфијата, анисот и флавоноидите (акацетин и кварцетин) од прополисот. Тие го зацврстуваат капиларниот ѕид, ја зголемуваат способноста на серумските белковини (посебно гама глобулини) да се врзуваат за хистаминот, а со тоа го елиминираат неговиот воспалителен ефект. Делуваат антиоксидантно (го штедат витаминот Ц од врзување со хелатни врски за металите) ја заштитуваат меѓуклеточната супстанца и го штитат адреналинот преку инхибиција на ензимот 0- метил трансфераза. Жалфијата и прополисот го неутрализираат Herpes simpex вирусот, А2 вирусот на грип, како и Cadida albicans. ПРОБРОНХИ активно учествува во имунолошкиот одговор на организмот го активира комплементот и ја зголемува фагоцитната активност на серумот. Зголемувајки ја вредноста на пропердинот врши активирање на алтернативниот пат на комплементот, во исто време ги покачува вредностите на аглутинините во крвта. Етеричните масла имаат противвоспалителен ефект, го олеснуваат дишењето, ја намалуваат болката при голтање.

Придобивки:

  • има пријатен мирис им вкус, лесно го отстранува непријатниот мирис од устата, не ја нарушува нормалната цревна флора и не предизвикува резистетност на бактериите;
  • ја намалува токсичноста на антибиотиците, го спречува населувањето на цандида албицанс што наметнува потреба од нивна заедничка апликација при потешки болни состојби.

ИНДИКАЦИИ:

Акутни и хронични заболувања на горни респираторни патишта, афти, херпес симплекс инфекции, грипозни и реконвалесцентни состојби, воспалителни процеси на непцата, болни ерозии во устата и болки при никнување на заби.

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Пробронхи не треба да го употребуваат лица преосетливи на состојките на препаратот. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на лекувањето.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

до 30 капки, три до четири пати на ден, половина час пред јадење.

НАПОМЕНА:

Препаратот на ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат. Да не се надминуваат препорачаните дози.

2Состав
  • 20% прополис во разреден алкохол, етерични масла на: тими 0,2 г.;
  • жалфија 0,1 г.;
  • нане 0,6 г.;
  • феникули 0,4 г
  • анис 0,1 г.;
  • ментол 0,3 г.во 100 мл.
3Рок на употреба
  • 5 години
4Стручно мислење
http://test.david.sojic.net/wp-content/uploads/2018/04/PROBRONHI-KAPKI.pdf