Проафтол
ПРОАФТОЛ претставува комбинација на прополис и повеќе етерични масла кои имаат поголем број фармаколошки дејства. Производот е ефикасно средство за решавање на проблемите со афти.
ДЕЈСТВО:
1.Што претставува Проафтол и за што се употребува:
Облик: Спреј
Изглед: 20ml раствор во стаклен флакон, пластичен апликатор со колено
Проафтол е граничен производ кој е наменет за ублажување на симптомите при афти, гингивит, стоматит, алвеолит, ерозии од неинфективна и инфективна етиологија, декубитални и рентген улкуси.
Проафтол претставува комбинација на прополис и повеќе етерични масла кои имаат поголем број фармаколошки дејства. Составните компоненти на Проафтол поседуваат бактерицидно дејство против поголем број на бактерии (претежно Грам – позитивни), потоа антивирусно (Херпес симплекс и А2 вирусот на грип), антисептичко, анестетичко и антиоксидативно дејство кое е потенцирано од присуството на анестезинот.
2.Што треба да знаете пред да го употребите Проафтол. Не го употребувајте Проафтол:
- ако сте алергични (хиперсензитивни) на некоја од компонентите.
Употреба на Проафтол со храна и напитоци:
- Да не се внесуваат храна и течности барем 15 минути од апликацијата.
- Консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт пред да земете Проафтол. Не се препорачува за време на бременоста. Вашиот Лекар ќе одлучи дали нековата употреба е неопходна.
- Употребата на Проафтол за време на доење е безбедна.
- Проафтол не ја намалува способноста за управување возило или ракување со машини.
Земање на други лекови:
- Проафтол не смее да се комбинира со препарати кои содржат Метронидазол.
Бременост:
Доење:
Влијание на способноста за возење или ракување со машини:
3.Начин на употреба
- Пред употреба подесете го посакуваниот агол на апликаторот, насочете го кон оштетената лигавица и притиснете.
- Строго придржувајте се кон упатството за употреба.Препорачаната дневна доза не смее да се менува.
- По 2-3 напрскувања, 3-4 пати на ден, половина час пред јадење. Кај деца помлади од 3 години, при исклучително тешки афтозни стиматити, се препорачува краткотраен третман во траење од еден до два дена. Да не се надминува препорачаната дневна доза. Доколку сте ја надминале препорачаната дневна доза на Проафтол консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Доколку сте пропуштиле доза на Проафтол не ја надоместувајте и продолжете со редовна употреба
Дозирање:
4.Можни несакани дејства:
- Како и сите други средства, Проафтол може да предизвика алергиски реакции. Хиперсензитивната реакција е локална и поминува со прекинување на третманот.
Напомена: Препаратот остава траги на ткаенини кои тешко се отстрануваат.
5. Начин на издавање:
- Проафтол се издава во аптека без рецепт.
- Последна ревизија на упатството 04/2016.
- Број на решение издадено од Агенција за лекови и медицински средства 11-4038/2
- 25% прополис во разреден алкохол,
- етерични масла на: жалфија (Salviae off.) 0,4 г.;
- нане (Menthae piperitae) 0,6 г.; анис (Ol.Anisi) 0,3 г.;
- ментол Menthol 0,6 г.;
- анестезин (Anesthesine) 3,0 г. во 100 мл.