Проакне крем

ПРОАКНЕ КРЕМ е козметички производ наменет за нега на лице и тело

1Опис

ДЕЈСТВО:

ПРОАКНЕ КРЕМ содржи прополисен екстракт изготвен со единствена формула на D-r Bacheff– спец. дерматолог. Основните биоактивни супстанци во прополисот се флавоноиди и флавони со кои пчелите се штитат од микроорганизми. Се употребува за нега на проблематична кожа на лицето и телото. Ја негува и штити кожата од надворешни влијанија и микроорганизми, го намалува воспалителниот процес кај пубертетски мозолчиња, чиреви и иритации од бричење и депилација. Салицилната киселина ефикасно ги отвора комедоните на кожата и овозможува пристап на активните супстанци на прополисниот екстракт до оштетената кожа со што дополнително ја зголемува ефикасноста на прополисот. После употреба кожата останува здрава и мазна.

КОНТРАИНДИКАЦИИ:

Препаратот не смеат да го употребуваат лица со преосетливост кон некоја од состојките. Во случај на преосетливот кон препаратот или некоја негова состојка, престанете со употреба и консултирајте се со дерматолог.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Се употребува пред или после депилација или бричење два пати на ден, а според потребата и почесто. Проакне кремот се нанесува во тенок слој на претходно исчистена површина со Лосион Проакне.

НАПОМЕНА:

На ткаенини остава траги кои тешко се отстрануваат.

2Состав
Активни супстанци: Прополис, салицилна киселина во поливалентна база.
3Рок на употреба
Рокот на употреба е втиснат на надворешната амбалажа.
4Пакување
Картонска кутија, пластична туба 20ml.